×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бен Афлек е новиот Бетмен

    23.08.2013 08:27 | KumanovoNews

    По бројни шпекулации кој би можел да го глуми Мрачниот Витез (Рајан Гослинг, Џош Бролин, Макс Мартини) во продолжението на Man of Steel, Warner Brothers денеска во официјално соопштение го објави името на актерот кој ќе го глуми познатиот супер-херој.

    Бен Афлек е новиот Бетмен

    Станува збор за Бен Афлек, кој на почетокот на годината доби Оскар за трилерот базиран на вистинска приказна Argo.

    Исто така познат е и датумот на премиерата на филмот – 17-ти јули, 2015 година. Официјалниот наслов на Men of Steel 2 сеуште не потврден, меѓутоа, многумина шпекулираат дека најверојатно ќе биде Batman vs. Superman.

    Режисерот Зек Снајдер за кастингот на Афлек изјави: “Бен ќе обезбеди интересен контра баланс на портретот на Супермен на Кавил. Тој има талент да одглуми комплексен човек кој е постар и попаметен од Кларк Кент и кој ги носи лузните од долгогодишната борба со криминалот, меѓутоа, и успева да го задржи шармот на милијардерот Брус Вејн.”

    Оваа вест дефинитивно ќе предизвика реакции кај фановите. Многумина не очекуваа да видат некој како Афлек во оваа улога, но, тој сепак е искусен актер кој се има појавено во голем број на блокбастери. Исто така, најверојатно точно е и тврдењето дека тој е подобар режисер отколку актер. Да се надеваме дека неговиот портрет на Бетмен ќе го испочитува наследството оставено од Мајкл Китон и Кристијан Бејл.