Бен Афлек ја доби првата номинација како режисер
10.01.2013 10:23
| KumanovoNews
Режисерите номинирани за наградата која ја доделува Здружението на режисери од Америка се веќе добро познатите Стивен Спилберг, Кетрин Бигалоу, Енг Ли и аматерот Бен Афлек.

Првата номинација на Бен Афлек како режисер е за филмот чие дејство е базирано во 1979 година, „Арго“.
Во филмот се зборува за заложничката криза во Иран, а во главните улоги покрај самиот Бен Афлек се појавуваат и Брајан Кренстон, Џон Гудман, Тејт Донован и други.
Номинацијата за оваа награда е многу важна за режисерите, затоа што членовите на жири комисијата која ја доделува наградата честопати се членови и на филмската академија која ги доделува Оскарите.