Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бен Афлек има нов филм, Арго, во кој тој се јавува како режисер и главен актер.
Арго е политички трилер снимен според вистински настан, дипломатската криза помеѓу Иран и САД кога 66 американци од 1979-та до 1981-та година биле држени како заложници од страна на исламистички екстремисти.
Афлек во Арго го глуми Тони Мендез, поранешен технички офицер за операции на ЦИА кој успеал да изнесе 6 американски дипломати од Иран за време на кризата, преправени како членови на филмска екипа.
Покрај Афлек, во филмот ќе имаме можност да ги видиме и актерите Клеа Дувал, Џон Гудман, Виктор Гарбер, Алан Аркин и Крис Месина.
Сценаристот на филмот е Крис Терио, а како продуценти се јавуваат Бен Афлек и Џорџ Клуни.
Последен филм режиран од Бен Афлек беше The Town од 2010-та година, а Argo ќе ја има својата премиера на 14-ти септември 2012-та година.