Бестселерот во најава "Ѓаволот повторно носи Прада"
22.06.2013 08:51
| KumanovoNews
Страшната уредничка на модно списание, Миранда Присли, ќе се врати да ја тормози својата помошничка Енди Сакс во продолжението на бестселерот „Ѓаволот носи Прада“.

Десет години од првото издание, писателката Лорен Вајсберг го најави вториот дел.
Енди сега е успешна, мажена, мајка и уредничка на магазин за венчавки, кој и овозможува да пишува и да патува. Циничната Миранда се враќа, и почнува закана за мирниот и среќен живот на Енди.
Сакав да видам што ќе се случува со Енди и со другите од екипата, како ќе евоулираат ликовите и карактерите - вели писателката, која се надева дека повторно ќе се сними филм со актерките од првата книга.