Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бијонсе и Крис Браун се добитници на главните БЕТ музички награди кои се доделуваат на црномурести изведувачи, а церемонијата ја одбележа и емотивното потсетување на починатата дива Витни Хјустон, пренесуваат светските медиуми.
Бијонсе синоќа е прогласена за најдобра R&B уметничка, додека Браун е прогласен за најдобар музички изведувач. Сопругот на Бијонсе, Џеј Зи и Кање Вест се прогласени за најдобра група благодарение на својот хит албум „Watch the Throne“.
Најголемо внимание предизвика мини почесниот концерт постветен на Витни Хјустон, која почина во февруари. Мараја Кери, облечена во блескав златен фустан, се потсетуваше на анегдоти од средбите со пејачката на хитот „I Will Always Love You“.
Ми недостасува. Ми недостасува нејзиниот глас и насмевка, но секогаш ќе ја имаме музиката. Секогаш ќе го имаме гласот во кој сме се заљубиле, кој не инспирираше, секогаш ќе ја имаме мојата пријателка Витни Хјустон- рече Мараја Кери.
Пејачката Моника го изведе хитот на Хјустон „I Love The Lord“ а подоцна на сцената се придружи Бренди со песните „I'm Your Baby Tonight“ и „I Wanna Bance With Somebody“. Братот на Витни Хјустон ја испеа „Where You Are“, додека нејзината мајка Сиси со овации ја испеа „Bridhe Over Troubled Water“. Почеста заврши со хитот „I'm Every Woman“ во изведба на Чака Кан.
На доделувањето на наградите, свој придонес дадоа и Дона Самер, Дик Кларк и Дон Корнелиус.
Наградата БЕТ им се доделува на црномурести музичари, глумци и спортисти во 20 категории и се емитува на БЕТ телевизија.
Џеј Зи и Кање Вест добија награда за најдобар спот, Браун е прогласен за најдобар машки R&B изведувач, додека раперот Биг Шон за најдобар млад уметник.
Најдобра хипхоп уметничка е Ники Минаж додека комичарот Кевин Харт е прогласен за најдобар актер.