Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Постојат моќни, но воедно и едноставни работи кои можат да се преземат за да се превенира, односно да се спречи или лекува депресијата, која станува водечка болест во денешното време.
Три начини како да се справите со депресијата:
1. Исхрана богата со протеини
Исхрана богата со протеини како што се јачмен, грејпфрут и јогурт, исхрана богата со интегрални житарки, овошје, зеленчук, омега 3 итн., ќе ви помогне да го стабилизирате расположението. Имено, протеинот е од сушштинско значење за производство на невротрансмитери кои го регулираат расположението и храната која има пониска вредност на гликемиска скала помага да се стабилизира шеќерот во крвта, да се намали заморот, нездравото зголемување на телесната тежина и промените во расположението.
2. Вежбање
Редовното вежбање може да помогне за ублажување на блага депресија, а се користи и како спореден метод за лекување на тешка депресивна состојба. Психотерапевтите препорачуваат да се вежба повеќе пати во текот на неделата барем половина час дневно.
3. Потрага по уживање, намалување на стресот и спиритуалноста
Вообичаено е мислењето дека она што ве прави задоволни дека ќе ве направи и среќни, но овие непријатели на депресијата го прават тоа со нормализирање на производството на хормоните на стресот и зголемувањето на ендорфинот и допаминот. Затоа обидете се доколку сте депресивни во текот на денот да направите нешто кое има значење за вас и ви создава задоволство. Иако, велат психотерапевтите, најверојатно во таква состојба ќе помислите дека ништо не ви дава чувство на задоволство, сепак обидете се да го направите она во коешто претходно сте уживале. Самото повторување на работите во коишто сте уживале можат да ви ги вратат и истите емоции и позитивната слика за истото.