Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Како што пренесуваат странските медиуми, голема е веројатноста двете популарни ѕвезди Лејди Гага и Бијонсе да ја продолжат соработката на уште една песна, која ќе им биде трета заедничка по „Video Phone“ и „Telephone“ во 2009 и 2010 година.
Пред неколку месеци Лејди Гага објавила фоторафија од неа носејќи обетки на кои бил испишан зборот „Ratchet“, a неодамна слична фотографија објавила и Бијонсе, веројатно со истите обетки. Гага веќе потврдила дека за нова песна насловена „Ratchet“ соработувала со раперката Азилиа Бенкс.
И двете пејачки имаат најавено нови албуми за годинава, така што голема е веројатноста дека „Ratchet“ ќе биде најавеното „продолжение“ на големиот хит „Telephone“.