Бијонсе најубава жена во 2012
26.04.2012 08:22
| KumanovoNews
Списанието People, кое минатата година оваа титула ѝ ја додели на Џенифер Лопез, годинава одлучи да ја удостои пејачката, која неодамна стана мајка.

Бијонсе ја презеде титулата најубава жена на светот. Списанието People, кое минатата година оваа титула ѝ ја додели на Џенифер Лопез, годинава одлучи со признанието да ја удостои 30-годишната пејачка која неодамна стана мајка.
Новата најубава жена на светот, а воедно и добитничка на 16 Греми награди открива дека најубавото нешто во тоа да имаш ќерка, е што имаш вистинско наследство.
"Зборот љубов сега има сосема поинакво значење“ - изјавува Бијонсе.