×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бијонсе со нова песна

    18.03.2013 09:23 | KumanovoNews

    Кралицата Бијонсе се врати на музичката сцена со нова песна, која го најавува нејзиниот петти студиски албум под наслов “Мрс. Картер“.

    Бијонсе со нова песна

    Иако во последниве недели се “шушкаше“ за тоа дека на новиот албум на славната пејачка ќе се најдат соработки со Лејди Гага и раперката Азеалаја Бенкс, се чини дека тоа беше само добар маркетиншки трик.

    Песната се вика “Бау Даун“, а продукцијата на истата ја потпишува Хит Бој, кој стои зад хитот “Нигас ин Париз“ на Џеј Зи. Песната е објавена вчера, а веднаш предизвика поделени реакции меѓу нејзините фанови. И додека некои сметаат дека ова е нејзиното големо враќање, останатите жалат за нејзините стари песни. Стиховите од песната како “Don't get it twisted, get it twisted, this my shit, bow down bitches“, воопшто не и прилегаат на пејачката.

    Оставаме на нејзините обожаватели да пресудат дали повеќе ја сакате “старата“ или “новата“ Бијонсе. Албумот треба да се најде во продажба на 11 април, а не се сомневаме во неговата популарност. Сепак, станува збор за Бијонсе.