Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од најбогатите луѓe на светот, Бил Гејтс, своето богатство ќе им го распредели на оние на кои им е најпотребно.
Во интервјуто за британски Телеграф, основачот на Мајкрософт, 57-годишниот Бил Гејтс, изјавил дека има доволно пари за храна и облека, а своето богатство ќе им го подели на најсиромашните во светот.
Еден од најбогатите луѓе на светот објаснил дека 95 отсто од своето богатсво ќе го подели меѓу најсиромашните во следните неколку години.
Гејтс досега има донирано околу 28 милијарди долари во хуманитарни цели.
Што се однесува до најпотребното, храна и облека, јас сум осигуран и парите веќе не ми претставуваат ништо во животот. Своето богатство ќе го донирам за да им помогнам на најсиромашните луѓе во светот- изјавил Гејтс.
Неговото семејство има имот покрај езера во Вашингтон, вреден 150 милиони долари, па и да го донира своето богатство, неговите деца ќе добијат доволно наследство кое ќе ги обезбеди со пари до крајот на животот.
Основачот на една од најмоќните компании во светот вели дека со своите пари сака да најде лек против детска парализа.