Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
The Grand Budapest Hotel е новиот проект на Вес Андерсон, а бидејќи Мареј глумеше до сега скоро во сите негови хитови, очекувано беше дека ќе се приклучи и овде.
Мареј потврдил дека со Андерсон ќе снимаат во Германија, а на екипата во меѓувреме и се придружила и британската актерка Анџела Ленсбери, а уште во јули е објавено дека улога ќе добие и Џони Деп.
'The Grand Budapest Hotel', е филм за кој до сега знаеме дека обработува европска приказна и содржи низа на големи актерски имиња, па освен споменатите во него треба да глумат и Џад Ло, Едвард Нортон и Овен Вилсон.