Билетите од „Егзит“ наменети за обнова Петроварадинска тврдина
08.07.2013 08:13
| KumanovoNews
Над 35 илјади билети се продадени за годинашниот фестивал „Егзит“, кој почнува во среда, што е околу 80 отсто од вкупниот капацитет на Петроварадинската тврдина, додека најголемиот интерес, пак, се очекува во последните денови, пред самиот почеток на фестивалот

Сите продадени билети ќе бидат префрлени во фондот за обнова на Петроварадинската тврдина.
Посетители од над 60 земји од светот се подготвуваат и полека пристигнуваат во Нови Сад, информираат од организацијата на фестивалот.
Најголем интерес за „Егзит“ во Европа покажуваат Британците, Холанѓаните и земјите од регионот.