×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Битлси“ и Мик Џегер на банкнота од 10 фунти

    25.12.2012 11:26 | KumanovoNews

    Легендарната група „Битлси“, Мик Џегер и Роби Вилијамс се дел од листата со 150 Британци што Банката на Англија ги предлага за лице на новите банкноти од 10 фунти.

    „Битлси“ и Мик Џегер на банкнота од 10 фунти

    Покрај историски икони како Вилијам Шекспир и Винстон Черчил, меѓу кандидатите се и фудбалерот Дејвид Бекам и принцезата Дијана, а и голем број личности од популарната култура, како што е Џон Kлис од „Монти Пајтон“.

    Ако некое од горенаведените имиња биде изгласано, ова ќе биде првпат на банкнотите да се најде лице од популарната култура, што ќе значи дека ќе добие ист статус како и политичките великани или легендите на националната култура.