Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неконтролираната употреба на наркотици во модерна Русија потекнува уште од „Битлси“ и експериментирањето на овој британски рок состав со психоделични супстанци, изјави Јевгениј Брјун, шеф на одделението за борба против дрогата и алкохолизмот во руското Министерство за здравство.
Според Брјун се започнало кога компаниите дошле до заклучок дека може да се продаде се, задоволството и се што оди со него.
Модерните рекламни компании активно промовираат различни „задоволства“, вклучително и дрогата, со што се поткопува медицината- изјави Јевгениј Брјун на пресконференција во Москва.
Според шефот на одделението за борба против дрогата и алкохолизмот во руското Министерство за здравство медиумите мораат повеќе да промовираат кампањи против дрога и здрав начин на живот.
Во Русија има околу пет милиони наркомани, што е зголемување од 60 проценти од 2000 година, изјави шефот на федералната служба за контрола на дрога Виктор Иванов.