Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Музичката легенда Боб Дилан ќе биде одликуван со Медалот на слободата, највисокот американско граѓанско признание кое им се доделува на луѓето кои дале значаен допринос кон американската национална безбедност, мирот и културата во светот.
Портпаролот на Белата куќа најави дека 70-годишниот музичар ќе биде еден од 13-те луѓе на кои ќе им биде доделен овој медал.
Дилан се наоѓа на листата заедно со поранешниот државен секретар Мерлин Олбрајт, астронаутот Џон Глен и поранешниот претседател на Израел Шимон Перес, пренесува Sky News.
Овие неверојатни луѓе имаат различни животни приказни, но секој од нив оставил неизбришлива трага за нашата нација. Тие нè инспирираат и поради нив овој свет е поубаво место. Ме радува што ќе им ги доделам овие награди - изјавил Барак Обама.
Дилан на музичката сцена е активен од 1962 година. Освоил 11 Греми награди, еден Оскар и еден Златен Глобус.