Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бојан Алексовски (23) од Риека, вечерва во кафе-барот Версај ќе го промовира првото цеде „Се што сакаш ти„.На цедето ќе се најдат 9 песни од текстописецот Огнен Неделковски, кои се снимени на македонски и хрватски јазик.
Ние снимивме две цедеа, едното за хрватскиот и другото за македонскиот пазар. Албум е снимен во Македонија во соработка со неколку студиа, со продуцентите Григор Копров, Роберт Билбилов, Бојан Ѓошевски, Валентино Скендеровски. Ги опфативме сите познати композитори, бидејќи сакавме да имаме повеќе стилови. Цедето е работено во поп-стил, има побрзи песни и балади. Моја целна група е публиката од мојата генерација средношколци, тинејџери и повозрасните- вели Бојан.
Таткото на Бојан е по потекло од Куманово, и затоа тој сакал да се врати кон корените и да сними неколку песни на македонски јазик.Но бидејќи наишол на одлични соработници, снимил албум. Бојан студира економија во Риека, а во Скопје се запишал на приватна Музичка академија.Тој е познат на македонската публика.
Досега настапував на Охрид-фест каде што и добив награда за најдобар дебитант со песната "Kрај" од Роберт Билбилов, учествував и на Макфест со песната "Те покривам со љубов", па потоа на македонскиот Евросонг со песната од Валентино Скендеровски, каде за жал малку недостигаше да влезам во финале, а пред два месеци настапував на фестивалот „Златне жице„ Пожега, Хрватска- објаснува Бојан.
Алексовски на промоцијата ќе отпее неколку нови песни и ќе се претстави пред кумановската публика, каде ќе подели и потпишува цеде.