Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Контроверзниот водител и шоумен Бојан Јовановски- Боки 13 веќе подолго време се крие во Македонија поради неговите големи долгови, пренесуваат српските медиуми.
Боки е на мета на луѓето на кои им должи пари кои го браат под дрво и под камен за да си ги исплати долговите и парите кои ги позајмил.
Како што наведува српски „Пулс онлајн“, Бојан е должен на многу сопственици од белградските бутици од кои земал гардероба со која се појавувал во своите емисии на телевизија.
Сепак Боки наместо да ја врати гардеробата тој ја задржувал, а покрај работите тој им останал и на обезбедувањето кое го чувало неколку месеци. Ни танчерките што го придружувале на неговите настапи не им го исплатил хонорарот.
Јовановски кој за 23 мај најавуваше спектакуларен концерт во Арената Борис Трајковски во Скопје на кој ќе го промовира својот нов албум „Не плаши се од огледало“, концертот го презакажа за 16 јуни, но сепак е неизвесно дали тој ќе се одржи.