Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако е објавена информацијата дека контроверзниот шоумен Бојан Јовановски познат како Боки 13 ќе го менува полот, многумина помислија дека нема до крај да ја реализира таа замисла.
Судејќи според најновите информации кои може да се слушнат од неговото опкружување и по неговите постапки, во текот на оваа есен неговите родители ќе добијат ќерка.
Боки пред неколку дена се врати од Белград за да ги изврши последните подготовки и договори пред овој комплициран зафат, а екипата на српски „Ало“ го фотографирала во понеделникот попладне кога напуштал една позната клиника за пластична хирургија на Дедиње.
Кога забележал дека го фотографираат, тој го сокрил своето лице, и не сакал да даде никаква изјава.
Клиниката која ја посетил има доктори кои се професионалци во своите области и кои имаат направено безброј операции од ваков тип, а колку работа ќе имаат околу Бојан тоа се уште не се знае. сите во неговото опкружување се шокирани од неговата одлука, а тој и понатаму молчи и на никој не му раскажал дали ќе го оперира само половиот орган, ќе вгради силиконски импланти на градите или ќе направи уште нешто. Тој бил на неколку консултации, а што се договорил незанаат ни неговите најблиски - изјавил блиски извори на шоуменот.