Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бонтонот е многу повеќе од тоа да умеете да го користите приборот за јадење, бонтонот се заснова на почитта првенствено кон самите себеси, а потоа и кон луѓето околу вас. Во свет кој изобилува со себичност и отворена грубост, навистина е освежувачки и маркантно да запознаете личност која е културна и внимателна. Зошто вие да не бидете токму таа личност?
1. „Ве молам“ и „Благодарам“ – основен дел од речникот на секој внимателен и квалитетен поединец.
2. Држете ја вратата отворена за личноста која е зад вас. Добриот гест може да разубави нечиј ден.
3. Излезете од зафатената просторија доколку морате да обавите важен телефонски разговор. Почитувајте ја вашата, како и приватноста на оној кој ве бара.
4. Не гледајте во телефонот кога разговарате со некој во живо. Дури и активно да слушате, впечатокот кој го оставате е несериозен и незаинтересиран.
5. Пуштете ја пред вас личноста со помалку производи на касата во продавница. Верувајте дека ќе ви бидат благодарни.
6. Пунктуалноста е одлика на воспитаните луѓе. Доаѓајте на време на договорените состаноци.
7. Чистете по вашето милениче, дури и кога сте во надворешни услови. Вашето милениче е ваша обврска.
8. Научете како правилно да се ракувате за да оставите добар впечаток. Млитавото ракување ќе ја издаде вашата незаинтересираност или срамежловост. Станете при поздравување и гледајте ја личноста во очи.
9. Бидете тивки. Никој на работното место, ниту пак во омиленото кафуле не сака да ги слуша интимните детали од вашиот ден. Обидете се да го спуштите тонот.
10. Вратете го столчето на место кога си заминувате од некаде. Да, дури и да има личност одговорна за таквата активност.
11. Секогаш барајте дозвола пред со вас да донесете гостин, вашите деца или вашето милениче. Консултирајте се со личноста која ве поканила за да избегнете непријатни ситуации.
12. Не почнувајте со јадење додека сите на масата не се послужени.
13. Останете дома ако не се чувствувате добро. Ниту вашето лошо расположение, ниту вашите вируси не треба да ги однесете на гости.
14. Чукнете секогаш пред да влезете во нечија соба. Сигурно и вам би ви годело останатите да ја почитуваат вашата приватност.
15. Оставете првин да излезат луѓето од лифотот пред да побрзате да влезете вие.
16. Телефонот не треба секогаш да е ставен на вибрации, но со сигурност треба да биде нечуен кога сте во кино или театар.
17. Не се чешлајте или шминкајте во јавност. Има време и место за сечењето нокти, чистењето на забите или поправање на шминката, а тоа не е на улица, ниту пак на маса.
18. Научете да се извините. Одбивањето да се извините кога евидентно сте погрешиле е доказ за вашите детски манири и неспособност да се однесувате на зрел и софистициран начин.