Мени

Бора Чорба се разведе

13.07.2012 08:07 | KumanovoNews

Познатиот српски музичар и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ неодамна се разведе од својата 26 години помлада сопруга Александра, јавуваа српските медиуми.

Бора Чорба се разведе

Неговите пријатели велат дека неговата сопруга имала се поголеми барања и апетити, кои рокерот веќе неможел да ги исполнува.

Александра на почетокот беше задоволна и многу позитивно влијаеше врз Бора. Меѓутоа почна да бара се повеќе и повеќе, а тој тоа неможеше да го издржи финансиски , па дури беше принуден да го продаде станот во центарот на Белград, за да ги отплати кредитите. Тогаш тој се скара и со своите деца бидејќи тие биле против тоа - открил близок пријател на музичарот.

Двојката се развела пред неколку месеци, само што Бора за нивната разделба целе време ја демантирал. Во своите изјави велел дека многу работи и дека се е во ред во неговиот емотивен живот.