Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Холивудскиот актер Бред Пит ќе тргне по стапките на својата партнерка Анџелина Џоли и ќе се обиде како режисер.
Наводно, Србија е една од локациите каде ќе се снима неговиот филм.
Претставниците на познатиот актер веќе биле во Србија заради разгледување на условите за соработка, објави „Блиц“. Меѓутоа, официјални информации за проектот на Пит нема.
Наводно, неговата желба е филмот да биде снимен во Србија, а како втора локација ја избрал Италија.
За потсетување, неговата партнерка Анџелина Џоли филмот „Во земјата на крв и мед“ ги снимаше во БиХ и во Унгарија.