Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бред Пит почна кампања за собирање донации за поддршка на истополни бракови. Тој ќе донира 100.000 долари за време на изјаснувањето во врска со ова прашање во четири американски држави.
Тој повика на итно собирање донации во следните 24 часа. Со тоа ја поддржува кампањата за човекови права.
Референдум за легализација на истополни бракови ќе се одржи во вторник во исто време со претседателските избори во четири американски држави.
Во својата порака Пит нагласи дека и припадниците на истополните бракови треба да имаат иста заштита како и оние на хетеросексуалните заедници.