Бред Пит и Анџелина Џоли официјално ќе стапат во брак
02.05.2012 09:24
| KumanovoNews
Во францускиот дворец кој вреди 35 милиони фунти на 11 август оваа година, поточно на денот на златната годишнина на родителите на Бред Пит, Бил и Џејн ќе се одржи венчавката на која ќе присуствуваат околу 300 гости вклучувајќи ги Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Џони Деп и Том Круз.

Мислевме дека на децата ќе им се допадне тато и мама да се вечаат, а после тоа да следи голема журка за бабата и дедото, изјави Џоли за весникот „Дејли стар“.
Двојната прослава е моја идеја бидејќи семејството на Бред многу ми значи, особено откако ја загубив мајка ми пред пет години и поради тоа што со години не разговарав со татко-изјави Џоли за весникот.