Бред Пит и Том Круз заедно на големото платно
20.12.2013 08:52
| KumanovoNews
Холивудските актери Бред Пит и Том Круз по 20 години повторно ќе ги гледаме заедно во филмот "Go like Hell".

Режисерот Џозеф Косински одлучил повторно да спои две големи имиња во своето филско остварување.
Во филмот се зборува за натпреварувачите во прочуената трка "Le Man" која трае 24 часа и е легендарно ривалство помеѓу автомобилите Форд и Ферари во 1966 година.
Актерот Том Круз ќе ја игра улогата на Карол Шелби, инженер кој во 1959 година како возач го освои натпреварот.
Познатите холивудски актери последен пат заедно на филмското платно се појавија во 1994 во филмот "Интервју со вампирот".