×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бреговиќ наплатил 84.000 евра за плагијат песна

    21.01.2013 09:57 | KumanovoNews

    Химната на Бреговиќ за светското првенство во скијање во Италија предизвика полемика.

    Бреговиќ наплатил 84.000 евра за плагијат песна

    Босанскиот музичар требало да направи химна за светското првенство во нордиско скијање кое ќе се одржи од 20 февруари до 3 март во Val Di Fiemmeu, во Италија.

    Музика требало да стане тајна до почетокот на првенството, но сепак се појави во јавноста и многумина го посочија фактот дека во неа не се споменува местото на одржувањето на првенството.

    Организаторите за музиката на Бреговиќ му платиле 84.700 евра.

    Како што пишуваат хрватските медиуми, има и такви кои сметаат дека премногу е платено, но и такви кои сметаат дека текстот на песната не е соодветен.

    Химната треба да се изведе на плоштадот Дуомо во Трент на 20 февруари со 55 музичари и 70 пејачи во хор.

    Изминатите неколку денови се одржале и пробите и веројатно некој од луѓето го снимил трејлерот од музиката и снимката ја ставил на интернет.

    Во текстот се споменуваат Доломити и Трентино, потоа виното, па ноќите во куќичките каде се води љубов до утро.

    Но, во 4 минути музика, која секојдневно, 12 дена ќе биде дел од скијачкото светско првенство, не се споменува името на Val di Fiemmeu, местото каде ќе се одржува натпреварувањето, чија општинска управа ја нарачала и платила химната.

    За италијанците оваа песна веројатно е вистинско освежување на нивната музичка сцена, но како што пишува vecernji.hr, таа неодоливо потсетува на една друга песна.