×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Брена ја отпеа „Југословенка“ на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово

    11.11.2019 08:38 | KumanovoNews

    Југословенка на плоштадот „Нова Југославија“, вака балканската ѕвезда Лепа Брена, синоќа ја поздрави публиката на концертот на  Градскиот плоштад, кој Општина Куманово го организираше по повод Денот на градот.

    Брена ја отпеа „Југословенка“ на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово

    Присутните кумановчани во еден глас го пееа големиот хит и своевидна химна, која ги опишува убавините на некогашната држава Југославија. Настапот беше проследен и со содветна сценографија - знамето на поранешната СФРЈ.

    Интересот за концертот на Лепа Брена беше голем, на плоштадот дојдоа луѓе од сите генерации да ја видат големата музичка ѕвезда, која во зенитот на нејзината популарност полнеше стадиони и слетуваше со хелихоптер на своите настапи, поради големата посетеност.

    Публиката еуфорично реагираше на старите хитови, со кои Брена ја градеше кариерата, но и новите песни не ги оставија рамнодушни оние кои ја сакаат нејзината музика.

    Граѓаните ги поздрави градоначалникот Максим Димитриевски, а потоа следуваше 10 минутен огномет.

    Пред концертот на Брена, атмосферата ја загреваа домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ, кој имаше одличен настап.