Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Балканската ѕвезда Лепа Брена (50) изгледа барем 20 години помладо, што е сон на секоја жена.
Познатата пејачка открива дека со добри животни навики и постојана физичка активност, може убаво да се изгледа и во петата деценија.
Морате да бидете одговорни кон себе и своето здравје. Не можете да очекувате да сте убави ако не спиете доволно. Велат дека за убаво да изгледате мора да спиете 10 саати. Јас настојувам рано да легнам и рано станувам- изјавила Брена за белградски Блиц.
Таа тврди дека нејзината исхрана се базира само на лесни салати, а посебно избегнува да јаде бело брашно, бел шеќер и сол. Со здрав начин на животот и упорно вежбање нејзиното тело го довела до перфекција. Таа има и одлична кондиција.
Физичката активност е многу важна. Редовно пливам, повремено одам во теретана, а моето најголемо откритие е јогата, која ја препорачувам на жените кои се психофизички оптеретени. Го опушта целиот организам и влијае да се сакаш онаква каква си- смета Брена.