Бритни Спирс се двоуми околу венчавањето
30.07.2012 08:47
| KumanovoNews
Бритни Спирс константно ја одложува својата венчавка со долгогодишниот вереник Џејсон Тревик , бидејќи не може да смисли каква свадба сака.

Џејсон би сакал тие двајцата својата љубов да ја крунисаат во текот на божиќните празници, но пејачката е во дилема дали да организира големо венчавање или да биде мало, со оглед на тоа дека ова ќе и биде трет брак.Џејсон сака да направи голема журка и венчавка за Божиќ, но
Бритни воопшто не е сигурна што сака и затоа нема ниту почнато со планирање. Таа мисли дека би било непристојно да прави голема и гламурозна венчавка, затоа што ова и е веќе трет брак-велат пријателите на познатата пејачка.