Бритни во проблем со нервите
За многумина поп феноменот Бритни Спирс конечно успеа да го врати сопствениот живот во вистински колосек. Сепак, судејќи по изгледот на изгризаните и крвави раце, Бритни воопшто не изгледа смирено.

Пејачката која веќе одамна има сериозен проблем со нервите призна дека постојано е вознемирена.
Морам да научам да не го гризам ноктите. Би сакала да престанам да се грижам толку многу бидејќи постојано сум загрижена, изјави Спирс.
Бритни од неодамна е дел од американското шоу X Factor каде се појавува во улога на музички судија. Иако уште од почетокот покажува сериозни знаци на вознемиреност, од продукцијата веруваат дека нема да направи некој посериозен испад.