„Брзи и бесни 7“ со премиера во април
23.12.2013 10:59
| KumanovoNews
Вин Дизел со објава на својот фејсбук профил, ги запре прогнозите околу промоцијата на новото издание на „Брзи и бесни 7“.

Дизел објави слика заедно со починатиот Пол Вокер, во која се заедно во една од последните сцени кои се снимени во филмот.
На прашањето зошто тој ја објавува информацијата околу премиерата на филмот а не студиото „Универзал“, Дизел кратко одговори - „Пол сакаше вие да дознаете први“.