×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се разведуваат и Мелани Грифит и Антонио Бандерас

    13.07.2012 06:31 | KumanovoNews

    Во последно време во Холивуд разводот е во мода: прво Деми Мур и Ештон Качер, па Џони Деп и Ванеса Паради, па Том Круз и Кејти Холмс.

    Ќе се разведуваат и Мелани Грифит и Антонио Бандерас

    Списанието „Нешнел енкваер“ во најновото издание пишува дека уште една славна двојка, Мелани Грифит и Антонио Бандерас, во моментов се соочува со големи брачни проблеми, кои би можеле да доведат до развод.

    Веќе некое време кружат гласини дека на Мелани ѝ се смачило од флертувањата на Антонио со други жени, а неодамна таа беше фотографирана на улица без бурмата на рака.

    Тоа ќе биде многу грд развод, бидејќи се во прашање многу пари, 50 милиони долари-изјавила за „Енкваер“ пријателка на глумицата.

    Мелани е во хаос. Не само што постои опасност да ја изгуби љубовта на својот живот, туку и нејзината кариера е завршена, а ѕвездата на Антонио сè уште е во подем-рекла пријателката и додала дека односите меѓу двајцата глумци особено се влошиле откако на неодамнешниот фестивал во Кан Антонио бил фатен како флертува не со една, туку со две „егзотични убавици“.

    Неа љубомората веќе со години ја јаде и не верувам дека може да продолжи да живее во страв дека тој ќе ја изневери-рекла пријателката.

    Мелани Грифит и Антонио Бандерас се во брак од 1996 година и ја имаат 15-годишната ќерка Стела.