Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По речиси цели две децении, ќе биде снимено продолжение од легендарниот филм, а она што е уште поневеројатно е дека својата улога ќе ја репризираат главните јунаци на комедијата.
Големиот број на обожаватели со голема радост ја дочекаа веста дека и официјално е потврдено дека Кери и Дениелс ќе ги репризираат своите улоги на не толку бистрите другари, Лојд и Хари, во продолжението од ова филмско остварување од 1994 година.
Пред неколку дена, Дениелс потврдил дека тие двајца повторно ќе соработуваат за снимање на филмот и дека Кери конечно прифатил, велејќи: "Ајде малку да се забавуваме!", пренесува "US Weekly".
Ние сме средовечни, но и понатаму сме глупави", изјавил Џеф Дениелс за Хари и Лојд, ликовите од филмот, а сценариото за продолжението тој веќе го опишува со зборовите "болно забавен.
Дениелс рекол и дека парите не се причината поради која тие се нафатиле да глумат во продолжението на легендарниот филм " Dumb and Dumber",туку дека тие сакаат продолжението да биде толку добро што ќе го "засени" првиот дел.