Ќе се снима продолжение на „Зона Замфирова“
07.07.2013 08:37
| KumanovoNews
Единаесет години по премиерата на филмот најавено е снимање на втор дел.

На Власинското езеро, каде ќе се снима продолжението ќе биде изграден и филмски град наречен „Зона град“ на површина од 3 хектари, кој по снимањето се очекува да стане туристичка атракција.
Режисер на филмот ќе биде Југ Радивојевиќ а на филмот ќе работи целокупната актерска екипа од првиот дел: Војин Ќетковиќ, Катарина Радивојевиќ, Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Никола Ѓуричко, Слобода Миќаловиќ…
Музиката ќе биде на Ненад Милосављевиќ од култната група Галија кој ја работеше и музиката во првиот дел.