Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Милиони луѓе низ светот останаа без здив кога бестрашниот австриец скокна од работ на атмосферата, и паѓаше со брзина поголема од 1000 километри на час.
Проблем настана кога Феликс загуби контрола и се вртеше околу својата оска, па контролниот центар не знаеше дали тој воопшто е жив. Тој подоцна изјави дека се плашел дека центрифугалната сила ќе предизвика очите да му излезат од главата.
По одреден број вртења, крвта може да излезе од телото само преку очите. А тоа значи сигурна смрт. Од тоа најмногу се плашев, вели Феликс.
Со овој скок Феликс Баумгартнер сруши 3 рекорда, а за овој скок се подготвувал 7 години.