Ќерката на Kим Бесинџер стана манекенка
14.03.2013 08:32
| KumanovoNews
Ќерката на актерката Kим Бесинџер тргна по стапките на мајка си.

На 17-годишна возраст реши да влезе во светот на манекенството. Ајрланд Болдвин, чиј татко е популарниот актер Алек Болдвин, потпиша договор со две модни агенции. Среќата ја сподели со своите пријатели на "Твитер".
Ајрланд беше во центарот на медиумското внимание кога нејзините родители се разведуваа. Потоа со мајка си се пресели во Лос Анџелес. Сега најблиска е со своето момче Слејтер Трут, кој го смета за член на семејството.