Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За време на Новогодишните и Божиќните празници сите сакаат некому да му подарат нешто, со цел да му ги разубават празниците и да му дадат до знаење колку многу го вреднуваат.
Меѓутоа, истото се однесува и на нас самите доколку сакаме да си купиме нешто ново на почетокот на годината, но понекогаш правиме избор за кој подоцна можеме и да се покаеме и од финансиска гледна точка и од она што ќе го избереме.
* Четири работи кои не треба да се купуваат во јануари:
1. Не купувајте играчки
Играчките најчесто се купуваат пред празниците во ноември и декември без разлика колку и да се скапи. Па, така доколку сакате на некое дете да му подарите нешто по празниците или да купите за вашето дете, тогаш не купувајте му играчки затoа што има добиено многу за време на Новага година и само ќе му ги повторувате истите играчки;
2. Не купувајте мобилни телефони во јануари
Без разлика за кој модел и да станува збор, се препорачува во јануари да не се купува мобилен затоа што најновите модели речиси секогаш излегуваат во продажба во есен;
3. Не купувајте лаптоп
Според анализите продажбата на лаптопот во јануари е најмала, затоа што најновите модели излегуваат или за време на летото или пак истите можете да ги најдете подоцна за помала цена во рамките на Black Friday;
4. Не купувајте конзоли за видео игри
Како и играчките, така и продажбата на конзолите се распостранува низ земјите речиси на крајот од годината. Мајкрософт и Сони своите најнови модели ќе ги издадат дури во декември 2020 година.