Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хари Озборн, кој во првата трилогија за Спајдермен го играше Џејмс Франко, ќе го игра нов актер во оваа ултра популарна филмска франшиза.
Како што беше објавено неделава, најмалку четворица актери биле тестирани за улогата на Озборн за продолжението на „The Amazing Spider-Man“ во продукција на „Сони“. Во продолжението повторно се вклучени режисерот Марк Веб, како и актерите Ендрју Гарфилд и Ема Стоун, а во актерската екипа е вклучена и Шејлин Вудли во улогата на Мери Џејн.
Озборн е незаменлив дел од оваа митолошка приказна. Тој е син на тајкунот Норман Озборн, еден од ретките пријатели на Питер Паркер кој потоа ќе се претвори во негов непријател.
Според инсајдерски информации, оние кои се борат за оваа улога се Сем Клафлин, британски актер кој се појавува во филмовите „Пиратите од Карибите 4“ и „Снежана и ловецот“, потоа Еди Редмејн, уште еден Британец кој е дел од филмот „My Week With Marilyn“, а ќе го видиме и како Мариус во „Клетници“. Другите двајца се Даглас Бут кој се појавува во „LOL“, а ќе го видиме и во филмот „Noah“ на Дарен Аронофски, како и Бојд Холбрук, американски актер кој бил дел од „The Big C“, Hatfields & McCoys и „The Host“.
Џејмс Франко го играше Озборн во трилогијата од минатата деценија која ја режираше Сем Раими. Неговиот начин на портретирање на темен карактер беше првична идеја па поради тоа беа земени во предвид актери како Дејн Дехан, Алден Еренрајх и Бреди Корбет. Но подоцна, продуцентите го променија мислењето и сега бараат актер кој има атлетски изглед и пријатна надворешност.