Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера, во Народниот театар во Сарајево по осми пат се одржуваше доделување на наградите "Иса-бег Исаковиќ" за најзначајните пријатели на главниот град на Босна и Херцеговина.
Во образложението е наведено дека Здравко Чолиќ е еден од најголемите живи уметници, не само во БИХ, туку и пошироко.
Како три најзначајни датуми во својот живот Чолиќ пред публиката ги потенцирање, 1972 година- годината кога победил на "Шлагер за сезоната", денот кога дипломирал и ноќта на доделувањето кога ја примил наградата од својот роден град Сарајево.
Ова е признание од градот во кој се родив и растев, го усовршував школувањето, се вљубував, ја изградив својата кариера и како што вели овој град "Оди и пеј по светот, оди и пеј за луѓето, шири добри вибрации со својот глас, својата енергија и како секогаш врати се во своето Сарајево" -изјави Чола на доделувањето.