Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новите генерации носат и нови правила околу забавувањето со своите партнери. На некои тие навики им се допаѓаат, а за некои се чудни и неприфатливи.
1. Паровите се натпреваруваат помеѓу себе кој ќе биде подоминантен во врската
Ова е 21. век и сите веруваме во рамноправност. Меѓутоа, по се изгледа дека паровите посебно на почетокот од своето забавување ја изгубиле свеста за рамноправност. Најважно за нив е да се докажат кој е повеќе МАЧО во врската. Додека се натпреваруваат, сами на себе си ги спречуваат доживувањата во врската, пеперутките во стомак и сл. и на тој начин спречуваат да им се случи вистинската љубов.
2. Дозволуваат друштвените мрежи да им се мешаат во нивниот однос
Не важи за успешна врската ако тоа го немате споделено со светот по пат на друштвените мрежи. Емотивната интима некогаш била најважна, а денес може да кажеме дека буквално остануваме без неа. На младите парови најбитно е да покажат дека се во среќна врска, отколку да се трудат среќата вистински да ја доживеат.
3.Слатките зборови кои некогаш сте ги изговарале сега ги нема
Големите зборови за новите генерации станаа старомодни. Денеска своите чувства ги искажуваат преку социјалните мрежи и стикери, но сепак се разбираат, но зарем некогаш не треба да се каже нешто искрено и од срце?
Со овие чудни навики, новите генерации ја убиваат романтиката. Па вие сами заклучете: Дали може од ваков штур однос да се развие вистинска љубов?