Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хрватската серија, "Избор на Лара“ е толку популарна што луѓето почнале да се соживуваат со ликовите, како тие да се од секојдневниот живот.
За тоа сведочи и фотографијата од лажното гробно место направено за ликот Јаков Златар, каде што луѓето почнале деновиве да оставаат цвеќиња и свеќи.
Лажното гробно место за ликот на Јаков Златар, за потребите на снимањето на епизодата од серијата каде се прикажува церемонијата на погребот, го ископа и направи продукцијата на серијата.
Пред неколку дена две стари дами одејќи покрај ова место го прашале гробарот кој е погребан таму, а гробарот на шега рекол дека тука е погребан Јаков Златар од “Изборот на Лара“. Следниот ден "гробот" осамнал со неколку цвеќиња и свеќи.
И покрај враќањето на ликот на Јаков во Сплит, кој го игра Иван Херцег, и на фактот што гледачите може да го видат секоја вечер на телевизија, љубителите на серијата на тој начин му оддале почит.