×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дали гламурозната насловна најавува крај на врската ?

    18.04.2012 09:51 | KumanovoNews

     Резултати од неодамнешното истражување покажуваат дека познати личности, чија фотографија од венчавката се појавила на насловна страна на некој магазин, имаат два пати повеќе шанси за развод.

    Дали гламурозната насловна најавува крај на врската ?

    Секој шести пар, чија венчавка во последната деценија стигнала на насловна страна на магазинот "Hello!" за помалку од шест години се имаат разведено, пренесува лондонскиот Телеграф, наведувајќи дека британскиот просек изнесува седум отсто.

    Преставници на листата со индигација ги отфрлиле сугестиите дека двојка која се појави на нивната насловна е автоматски „прокoлната“.

    Британската глумица Лиз Харли и индискиот тајкун Арун Најар, кои во 2007 два пати се имаат појавено на насловната страна на магазинот "Hello!", се разведоа по четири години брак. Добар дел од трошковите на нивнота венчавка, во износ од два милиони фунти, наводно ги платил листот.

    Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан исплива од брачните води најбрзо од сите познати личности кои се најдоа на насловната страна на овој неделен магазин. Нејзиниот брак со кошаркарот Крис Хамфриз разведен е во рекорден рок, по 72 дена.

    Проклетството "Hello" е смешно и апсолутно на неоснован концепт - нервозно реагирала Роузи Никсон, уредничка на магазинот.

    Нејзиниот предходник вели дека во договорот „можеби би требало да се додаде кауза по кој познатите личности, доколку се разведат во оквир на дадениот рок, би морале да рефундираат на магазинот дел од парите“.