Мени

Дани Бојл ќе снима филм за отворањето на Олимпијадата

14.08.2012 06:10 | KumanovoNews

Режисерот Дени Бојл планира спектакуларната церемонија на отворањето на Олимписките игри во Лондон да ја претстави во неговиот најнов филм.

Дани Бојл ќе снима филм за отворањето на Олимпијадата

Во моментов тој работи на проширена верзија на шоу-програмата, која ќе им помогне на обожавателите да разберат што всушност сакал да каже со „Индустриската револуција“ и „Британската национална здравствена служба“ кои беа дел од отворањето.

Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека Бојл во филмот ќе додаде уште сцени од класични филмови, кои поради ограниченото време не успеа да им покаже на отворањето на Олимписките игри минатиот месец.

Церемонијата, наречена „Островот на чудата“, која вклучуваше епизоди со Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, Кенет Бран од филмот „Кралицата“ и фудбалерот Дејвид Бекам, сепак не доби позитивни оценки од некои критичари, кои ја оценија како „застрашувачка“.