Мени

Даниел Кајмаковски победи на Х Фактор

24.03.2014 13:43 | KumanovoNews

Освојувајќи 70 отсто од гласовите синоќа Даниел Кајмаковски победи на Х Фактор.

Даниел Кајмаковски победи на Х Фактор

Овој ден го чекав цел живот. Ви благодарам на сите што од првиот ден верувавте во мене. Ве сакам сите - возбуден изјави Кајмаковски.

Неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ го праша каде ќе ја гради својата музичка кариера, на што Даниел изјави дека го одбира Белград, бидејќи се наоѓа на средина меѓу Виена и Македонија. Тој верува дека има публика во Белград што ќе го поддржува во сè што понатаму ќе работи на музичко поле.