Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актуелниот Џејмс Бонд, Даниел Крег по шпекулациите кој би требало да го наследи во следните изданија за агентот 007,сугерираше дека тоа би требало да биде Робер Патинсон.
Информацијата ја објави магазинот "ОК". Во интервјуто за него Крег додава дека младиот талентиран Британец би бил одличен во улога на славниот агент 007.
Крег во интервјуто коментира и за приватниот живот на Патинсон. Вели дека му се допаднала неговата реакција кога Кристен Стјуарт го изневери.
За да наминете такви моменти, а при тоа да задржите одредено ниво, ви треба голема сила - изјави Крег.
Патинсон пак, вели дека е поласкан од предлогот на Крег да го глуми Џејмс Бонд.