Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хрватската поп пејачка Даниела Мартиновиќ ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово за Нова година.
Новогодишната забава ќе започне во 22 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Покрај Мартиновиќ, за настап пред кумановската публика се преговара и со Бојан Бјелиќ од Белград. Кога убавата сплиќанка ќе за загрее атмосферата, на полноќ ќе следува голем огномет.
Концертот го финасира Општината Куманово. Градоначалникот Зоран Дамјановски ја воведа традицијата организирано да се слави Нова година на Градскиот плоштад.
Досега во најлудата ноќ пееле: Северина, групите Хари Мата Хари, Црвена Јабука, Владо Јаневски, Наум и Зуица и Влатко Илиевски.