×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дарио се враќа на сцената со "Погрешни зборови"

    09.11.2012 09:21 | KumanovoNews

    По две години пауза, поп-пејачот Дарио Панковски вчера во новата прес-сала на порта „Македонија“ ја промовира нумера „Зборови погрешни“, со која најавува враќање на сцената. Со овој настан официјално почна да работи портата како објект.

    Дарио се враќа на сцената со "Погрешни зборови"

    Мрзеливоста ми помина, периодот на стагнација заврши, сакав да направам нешто што ќе биде квалитетно и добро за публиката. Сакам да внесам динамика во мојата работа, а по Нова година, здравје, за мојот роденден планирам уште една песна - вели Дарио, кој го претстави и видеоспотот за „Зборови погрешни“.

    Пејачот вели дека планира да ја презентира на публиката, која веќе некое време чека негови нови мелодии, нов материјал на секои три до четири месеци. План за нов албум сè уште нема, но се надева дека и тоа ќе може да го оствари.

    Во Македонија постои еден општ проблем - има песни, има инспирација, но во оваа професија нема пари. Видеозаписот и песната ги изведовме благодарение на „Оне“, кој комплетно застана зад овој проект - вели тој.

    Песната и музиката се на Панковски, а аранжманот и продукцијата на Kристијан Габровски. За видеопродукција се погрижи Александар Ристовски - Принц. Ова е целосно нова екипа на Дарио, а на песната како гости се појавуваат Дарко Тасев на гитара и Весна Малинова како придружен вокал.

     Неговото јавување се совпадна со моите планови за соработка со некои мои постари колеги. Песната ја подготвувавме околу еден месец и е нешто поинаку од сè што сме работеле досега. Може да се каже дека ова за Дарио, па и за мене, е нов звук и нов правец - вели Габровски. Принц, кој откри дека е долгогодишен обожавател на музиката на Дарио, чекал 20 години за да добие повик за соработка.

     Сè беше во функција на песната и на идејата, поентата беше да се адаптираме. Единствена моја сугестија беше да не правиме некакви приказни - заклучува Принц.