Мени

Дарко е победник на Голeмиот брат

12.12.2015 22:54 | KumanovoNews

Кумановецот Дарко Петковски - Спејко е победник во седмата сезона на реалното шоу, Големиот Брат.

Дарко е победник на Голeмиот брат

Во стотиот ден во познатата куќа, Дарко ја доби подршката од фановите и го победи Гого во Суперфиналето. Пред прогласување на победникот, куќата ја напуштија најпрвин Барбара па Ервин.

Дарко освои награда од 95655 евра, а неговото враќање за Куманово е најавено за утре.

Сите кои не го проследија прогласувањето на победникот, тоа можат да го сторат на следниот линк.