×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дарко Филиповиќ имал сообраќајка на автопатот кај Куманово

    07.05.2012 09:01 | KumanovoNews

     Српскиот турбо-фолк пејач Дарко Филиповиќ пред три дена на автопат во Куманово со својот автомобил удрил во банкина откако на патот му излетало  куче, пренесува српски „Пулс“. 

    Дарко Филиповиќ имал сообраќајка на автопатот кај Куманово

    Пејачот поминал без посеризони последици, а штетата на неговиот автомобил е проценета на 1.500 евра.

    Одненадеш пред автомобилот ми излета куче. Се испаничив. Незнаев што да правам. Тргнав лево, па десно. Гледав само како да го избегнам. Во еден момент нагло  свртев и удрив во банкина. Во неколку секунди ми помина целиот мој живот. Мислев дека е крај – изјавил Дарко за „Пулс“.

    Кога го запрел возилото полека излегол, среќен што поминал без ниедна гребаница, но бил преплашен.

    Умрев од страв. Незнам од каде дојде тоа куче. Не возев брзо, но ми изгледаше како намерно да сака да ми влета под тркала. И тоа не е првпат. Минатата година во Хрватска ми се случи слична незгода.

    Само тогаш штетата беше помала – објаснил Филиповиќ.

    Дарко бил во посета на неговата сестра Ивана која е мажена во Македонија, но при враќањето за неговиот роден Лесковец со нив тргнал и неговиот зет Саша. Двајцата поминале без повреди.