Мени

Дарко се претстави како Суперхерој во Големиот Брат

11.12.2015 12:54 | KumanovoNews

Последните денови во куќата на Големиот Брат, Дарко е во центарот на вниманието по подадената рака на Гого, и полиграфското тестирање во исповедалницата.

Дарко се претстави како Суперхерој во Големиот Брат

Најпрвин сите беа зачудени со шансата која му ја пружи на Горан, имајки ги во предвид сите расправии и тешки зборови кои си ги разменија во предходните три месеци.

Мал шок следуваше ден потоа кога на полиграфското тестирање изјави за Тина дека не ја смета за паметна личност иако е заљубен во неа. Потоа следуваа расправии со Тина, дури беше и полиен со чаша вино меѓутоа веќе следниот ден страстите се смирени и Тина се извини за својата реакција.

Седумте станари имаа своја кампања во која требаше да истакнат зошто треба да победат во оваа сезона на реалното шоу, а Дарко дефинитивно беше најкреативен во оваа задача.

Неговото претставување можете да го погледнете на следното видео, а подршка да го преживее полуфиналето можете да дадете со смс порака VB 6 на бројот 149399.

Вчерва куќата ќе ја напуштат троица членови на шоуто, а останатите влегуваат во големото финале.