×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дарко Спејко на чекор до финалето во Големиот Брат

    03.12.2015 19:06 | KumanovoNews

    Кумановецот Дарко Петковски Спејко е единствениот Македонец во куќата на Големиот Брат, и е на чекор до финалето во оваа реално шоу.

    Дарко Спејко на чекор до финалето во Големиот Брат

    Во седмата сезона на оваа светски познато шоу, Дарко успеа да издржи 83 дена. Оваа недела е еден од номинираните станари во куќата и доколку преживее ќе се најде во финалето каде што ќе се бори за наградата од 100 иљади евра.

    Дарко беше меѓу првите 14 кои влегоа во куќата. Вниманието на гледачите го привлече покажувајки ја својата идеална фигура, а заедно со Ервин често можете да се видат како ја одржуваат својата одлична форма, а не беа изоставени и атракциите и гимнастичките елементи кои ги правеше во куќата. Сепак тој ќе остане меѓу станарите запамтен како убаво воспитано и мирно момче. Единствен конфликт во куќата го има со Гого со кого неможат да најдат заеднички јазик.

    Она што сите нестрпливо го очекуваме е исходот од романсата со Тина која трае уште од првите недели по влегувањето во шоуто. Дарко отвореното призна дека е заљубен во Тина, додека станарката од Риека е порезервирана во тој поглед. Токму Тина и Дарко како задача за оваа недела, имаат свој настап во Талент шоуто на Големиот Брат.

    Во шоуто дополнително влегоа и излегоа многу станари што ја прави оваа седма сезона на Големиот брат доста специфична.

    За да го зачуваме Дарко да го преживее и овој петок и да влезе во големиото финале, можете да гласате со СМС порака на VB празно место 6 на телефонскиот број 149399.